Зошто тетките се закон? Затоа што ги опсипуваат внуците со тон емоции, затоа што кај нив нема правила, како кај родителите, затоа што се кул, затоа ги разгалуваат внуците и со нив се е дозволено…
Токму таква тетка од соништата е и Елена Ристеска на својата внука Делфина. Таа и ги исполнува сите желби на малата убавица, ја шета каде ќе посака, но не заборава и на едукативната нота, па ја учи корисни работи.
Деновиве на пример Елена вежбаше броење до 10 на англиски со малата Делфи. Тоа, се разбира, го правеа на интересен начин. Со камерата од телефонот кон себе во автомобилот тие се забавуваа учејќи и од преслаткото видео можете да забележите дека според начинот на смеење на крајот Делфи е вистинска копија на нејзината тетка.
Едноставно неодоливи!
Извор : Вистина.мк