Категории

Како размислува паметната жена?

Една вечер Обама и неговата сопруга Мишел одлучиле да излезат од рутината и да отидат на вечера во еден скромен ресторан.

Додека седеле на маса, сопственикот на ресторанот го замолил претседателот дали може насамо да разговара со неговата сопруга. Тој се сложил и првата дама имала краток разговор на другиот крај од ресторанот.

Кога се вратила на масата, Обама ја прашал: „Зошто сопственикот сакаше да разговара со тебе?“

Му одговорила дека тој е нејзин стар пријател од училиште кој некогаш бил смртно заљубен во неа.

Обама се насмевнал и ѝ рекол: „Значи да се омажеше за него, сега ќе беше газдарица на ова ресторанче.“

Мишел без размислување одговорила: „Не мил мој. Да се омажев за него сега тој ќе беше претседател на Америка.“

Прегледи:
278
Ознаки:
Објавено на:
08.04.2017