Категории

Diesel не враќа во ’90-тите

Во својата најнова колекција за есен/зима 2017 популарниот моден бренд Diesel стилски не враќа во ерата на ’90-тите кога владееше атмосферата на опуштеноста, лежерноста и ноншалантноста. Инспирацијата за комбинациите доаѓа од различни извори што резултира со електричен микс кој конечниот резултат ја одбележа оваа интересна модна ера.
Колекција е како и самите grunge деведесетти, инпсирирана од музиката и музичките рок фестивали која се преточува во парчињата како тексас јакните, комбинезоните, oversized bomber јакните, како и дезените со пруги и точки. Во препознатлив стил брендот Diesel во фокусот повторно го постави тексасот кој изгледа фантастично во неколку нијанси кај панталоните. Фустаните за момент донесуваат vintage вибрации и изгледаат особено шармантно.

Прегледи:
242
Објавено на:
08.04.2017