Со доаѓањето на пролетта и топлите температури, долгата коса умее да биде вистински проблем па затоа често ја носиме врзана во коњско опавче или пунџа. Но овие фризури иако се класика, понекогаш умеат да изгледаат навистина досадно.
За таа цел трендсетерките се одлучија да внесат шик детал кој ќе даде нова димензија и притоа ќе изгледа неверојатно стилски. Се работи за марамите кои одамна беа тренд како модни додатоци на косата, а оваа топла сезона повторно се вратија во центарот на вниманието.
Секако, не е пресудно вашата коса да е долга за да можете да ги стилизирате, тие одговараат на секаква должина се додека имате креативни идеи како да ги вметнете во вашиот стил. Инспирирајте се.