Категории

Црвениот лак е безвременска класика која дамите ја обожаваат

Како што црвената боја на кармин е безвременска класика, така е и црвениот лак за нокти. Низ времето трендовите варирале вртоглаво, но дамите сепак останале верни на заводливите црвени нокти. Постојат безброј нијанси кои одговараат на различен тен и за соодветна прилика. Светло црвената боја се покажала како идеална за дневните сончеви денови, додека темната burgundy црвена останала запаметена како елегантна вечерна нијанса. Во секој случај можеме да кажеме дека со оваа боја на лак никогаш нема да направите грешка, и секогаш ќе изгледате женствено, заводливо и отмено.

Прегледи:
428
Објавено на:
10.04.2017