Категории

Овие хороскопски знаци се најдобри во душата, но и најголеми емотивци

Накратко кажано овие  два хороскопски знаци се едноставно одлични пријатели и рамо за поддршка.

Риби

Рибите најдобро се опишуваат како лебдачи помеѓу реалноста и соништата. Особено се интересираат за менталниот живот, потсвеста, емоциите и интуицијата и се обидуваат да ги сфатат и да се поврзат со луѓето на спиритуално ниво.

Кај Рибите не постои простор за агресија. Тие имаат едно мото: “пополека – подалеку“. Нежни и емоционални, Рибите со сета душа сакаат да им помогнат на луѓето да постигнат внатрешен баланс, мир и хармонија.

Неретко се прелажуваат, бидејќи сметаат дека секој човек има чисто срце и некаква добрина во себе. Тие се спокојни, мечтателни, скромни и многу емотивни.

За возврат на пријателството сакаат безгрижно танцување и долги прошетки покрај вода.

Рак

Тој чувствува онолку емоции како вкупно што чуствуваат останатите 10 знаци во зодијакот. Но, луѓето лесно успеваат да го повредат, па Ракот се затвора во школка и често пати на прв поглед делува ладно, незаинтересирано и бесчувствително. Вистината е сосема спротивна.

Кога нападите се насочени кон неговите сакани и семејството, Ракот умее болно да штипне. Овие личности се верни, интуитивни и романтични. Ракот не успева да ги скрие солзите на тажен филм или песна, како и романтичен брачен предлог или свадбена веселба.

Покрај сето ова тој е и вистински другар. Секогаш е тука, со подготвено рамо за плачење. Ќе направи да се чувствувате удобно и заштитено. За возврат сакаат почитување и добра гурманска храна.

Прегледи:
294
Ознаки:
·
Објавено на:
11.04.2017