Категории

За Chanel есента веќе пристигна

Култната француска модна куќа нестрпливо ја очекува есента па не потфрли да ги изненади своите обожаватели со ранската колекција за идната студена сезона. За разлика од спектакуларното шоу кое го приреди изминатиот моден месец, новата колекција изобилува со класични парчиња во минималистички тонови и кроеви од твид и баршун украсени со шармантни апликации. Како Chanel дами овој пат се појавија познатите модели Виторија Церети и Натали Вестлинг кои веќе долго се едни од главните лица во кампањите на брендот.

  

Прегледи:
260
Објавено на:
14.04.2017