Холандскиот модел Wouter Peelen ја претстави новата летна колекција на брендот Michael Kors која изобилува со фунционални парчиња за љубителите на спојот од лежерниот и елегантен стил. Колекцијата се состои од комбинации на одела со спортски маици и обувки, јакни, ранци и очила за сонце. Фотографот Clement Jolin го претстави моделот како визија на авантуристички патник кој во исто време сака да изгледа добро но и да се чувствува комфорно.