Категории

И Reebok се придужи на „пастелната забава“

Лудилото со пастелни нијанси продолжува, на „забавата“ и се придружи брендот Reebok. Неодамна тој ја претстави својата најнова колекција на патики која плени со интересни крзнени аксесоари. Моделите доаѓаат во две бои – розова и виолетова. Овој нов тренд на пастелни нијанси кај патиките украсени со необични детали беше прво пласиран на пазарот од страна на гигантите Puma и Адидас кои ги промовираа патиките со панделки, а на толпата и се придружија и бројни останати брендови. Тренсетерките и модните фанатици со големо воодушевување го прифатија новиот тренд кој веќе може да се види како царува на социјалните мрежи..

Прегледи:
402
Објавено на:
16.04.2017