Во Светлата недела после Велигден, денешниот ден во народот се нарекува Светол или Зелен четврток.
Инаку Белата, Светла или Велигденска недела се смета за непрекинат ден на Велигден. Затоа секој ден има богослужби, исто како на Велигден.
Четврток инаку важи за баксуз-ден, секој освен овој. Светлиот четврток е единстевн кој по традиција се смета за среќен. Се верува дека на овој ден, сите места каде што живеат нечесните сили се затворени, дека по земјата одат добрите божества, па поради тоа и на луѓето денеска добро им оди.
Овој ден треба да се започне работа, посебно онаа која вообичаено не ви оди од рака. Исто така треба да се упати молба за неостварена желба и таа ќе се исполни.
Во народот, на овој четврток не се работи.