Модната класика ‘pencil skirt’ е парче кое секоја дама го поседува во својот плакар. Безвременското црно здолниште е хит кој со години е симбол на софистицираниот clean изглед, но покрај него задолжително е да се поседува и такво во бела боја. Со пролетта настапија и ведрите светли нијанси на облека а токму белото здолниште е совршен избор за топлите сончеви работни денови кога треба да изгледате средено од глава до пети. За љубителките на шик изгледот предлагаме модел во А крој или слободен лелеав материјал кој воедно дава и опуштен романтичен изглед. Во галријата припремивме палета на модни комбинации кои ќе ви помогнат и ќе ве инспирираат како да носите здолниште во бела боја оваа топла сезона.