Пронаоѓањето на совршени модни комбинации кои можете да ги носите и во утринските часови кога извршувате работни обрски но и навечер кога сте излезени на пијачка со пријателите е навистина тешко.. Ние ви претставуваме галерија од модни изгледи кои ќе ви помогнат како да го искомбинирате вашиот целодневен аутфит без притоа да се прашувате дали можеби ќе изгледате несоодветно а немате доста време да се вратите дома и да се пресоблечете.
Предност дајте им на монохроматските комбинации со модни додатоци во силни и впечатливи бои. На пример ако се одлучите за црно-бело комбинација, додадете накит, ташна или обетки во розова,плава или жолта боја со цел да внесете малку живост и забава во целокупниот изглед. Кога се работи за street стилот, трендсетерките немаат никакви предрасуди кон парчињата кои ги носат, затоа најважно е да го носите она во кое се чувствувате најубаво и најудобно.