Шпанскиот high street бренд со нетрпение го очекува летото па со голема возбуда ја претстави својата најнова колекција костими за капење за летните денови. Во центарот на доминантните ’90-ти кои оваа сезона го „заразија“ модниот свет, Bershka ни претстави модели во силни и впечатливи бои, провокативни силуети како и неизоставениот тропски принт кој е апсолутен хит секоја сезона. Ефектните бики украсени со метални додатоци и ретро кроеви се вистинско кул освежување со кое нема да останите незабележани на која плажа и да се сунчате ова лето.. Целоснатиот lookbook проследете го подолу..