Категории

Два нерешливи проблеми кои ги има секој љубовен пар

Ниту една личност не е совршена, па така ни љубовните врски не може да бидат совршени. Затоа не треба да се чудиме што секоја врска има и нерешливи проблеми, бидејќи тоа е сосема нормално.

1. „Траен“ конфликт на двојката

Според мислењето на Џон Гутмен, ценет психолог и професор кој работниот век го посветил на истражување на љубовните односи и брачната стабилност, идејата дека двојките мора да ги решат сите проблеми е бајка. Дури и најсреќните двојки имаат нерешливи конфликти. Тие се резултат на фундаменталните разлики меѓу партнерите, разликата во личноста, потребите, очекувањата. Затоа е нерелано да се очекува дека сите проблеми може да се решат. Пореално е со одреден компромис да се научи да се толерираат разликите поради кои се доаѓа до конфликт.

2. „Голтање“ емоции

Понекогаш веднаш реагираме некоја проблематична ситуација и веднаш го изнесуваме својот став. Но, почесто „голтаме“ емоции и се обидуваме да го решиме проблемите кој не мачи. Стручните лица сметаат дека не е добро да се крие ако е некој повреден, а најчесто тоа го правиме. Игнорирање на проблемот доведува до собирање на негативни еемоции кои порано или подоцна излегуваат на површина, посебно во погрешен момент.

Прегледи:
353
Ознаки:
·
Објавено на:
02.05.2017