Изминатиот викенд се одржа црковната венчавка на ТВ водителката Милена Антовска и нејзиниот сакан Гордан Станковски.
Деновиве преку медиумите можевте да погледнете доста фотографии од церемонијата во манастирот Св. Јован Бигорски каде во присуство на најблиските членови од семејствата Милена и Гордан си ја ветија својата љубов во добро и зло и пред Бога.
Убавата водителка на овој посебен ден блесна во венчаница од модната куќа „Елена Лука“ во која изгледа како вистинска принцеза. Бидејќи следува и свадбената веселба наскоро, очекуваме да ја видиме во уште едно невестинско издание.
Засега, погледнете ги овие ексклузивни фотографии:
Фото: Елена Лука/Фејсбук
Извор: Вистина.мк