Категории

Хит чевли за оваа пролет

Сезоната на сандалите е официјално отворена па овие пролетни и летни денови ќе бидат одбележани во знакот на чевлите со реси. Овој хит бохо тренд веќе неколку сезони со ред шармира низ улиците, а доколку сеуште не сте го пронашле идеалниот пар тогаш сега е вистинско време.
Прекрасните сандали на висока или ниска пета украсени со реси се идеален избор кој се вклопува во секаква комбинација и прилика, а тоа може да биде casual стајлинг со фармерки и панталони или со цветен разигран фустан од лелеав материјал.. Со сигурност ова е новиот хит тренд помеѓу стилските дами.

Прегледи:
301
Објавено на:
08.05.2017