Популарната манекенка која како камелеион ги менува улогите од модел во пеачка па во актерка, неодамна ги изненади своите фанови појавувајќи се ќелава за потребите на новиот филм кој таа го снима каде глуми девојка болна од рак. На Мет галата таа официјално ја претстави својата нова фризура – обоена во сребрено и со мали кристали кои одговараа со нејзиниот фустан, додека на доделувањето на MTV наградите таа се појави со нова тетоважа на главата.. Моделот не се плаши да експериментира кога е во прашање нејзиниот изглед па со сигурност можеме да кажеме дека таа досега ги имаше а и со сигурност и во иднина ќе ги има најлудите фризури за оваа година..