Категории

Табу трендот кој го покори модниот свет

Едно од најголемите модни табуа – чевли во комбинација со чорапи е еден од најголемите трендови моментално. Овој смел и впелатлив начин на носење е омилен помеѓу трендсетерките кои сакаат да останат забележани и уникатни. Оваа сезона покрај мрежастите и класичните црни „најлон“ чорапи, неочекувано популарни станаа и оние во шарени бои комбинирани со колоритни чевли или сандали при што се постигнува ефектот на color block.
Не го ограничувајте сопствениот стил од страна на непишаните модни правила, стилот не е само облекување туку и начин на експресија на личноста и карактерот, оваа топла сезона бидете посмели и похрабри и носете го новиот хит тренд со огромна самодоверба.

Прегледи:
227
Објавено на:
12.05.2017