Категории

Создадeна водка од која нема мамурлак

Главниот проблем при употребата на алкохол, мамурлакот, е решен. Водката повеќе нема да предизвикува тешки мамурлаци, пренесе Лајф ру.

Група научници од Чунгамскиот универзитет во Јужна Кореја го создадоа првиот во светот алкохолен пијалок чија употреба не води кон мамурлак.

 

Водката создадена од јужнокорејските специјалисти добила името O2 Lin.

 

Во нејзиниот состав освен традиционалните компоненти влегува и  збогатен кислород. Според зборовите на експертите, употребата на кислородот во  водка влијае врз организмот исто како да е употребен коктел од кислороди.

 

Пијалакот стимулира зголемување на менталната активност, го зголемува тонусот и закрепнувачки влијае врз организмот.

 

Но, основното својство на кислородната водка е тоа што не предизвикува мамурлак, кој обично се појавува следниот ден по употребата. Кога и во каков вид ќе се продава водката, стручњаците не соопштуваат детали.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
406
Објавено на:
13.05.2017