Влатко Илиевски неретко можете да го видите со различни девојки, а често дури и на социјалните мрежи објавува дека има нова сакана или пак оди и дотаму што става статус дека се оженил.
Очигледно пејачот има проблем да ја пронајде вистинската, па се уште талка.
Деновиве тој откри дека има само еден критериум при изборот на партнерка, а тоа е да има убави стапала. Како пример за жена со убави стапала Влатко ја наведе бурлеска танчарката Дита вон Тис.
Неколку заинтересирани кандидатки веќе се пријавија на неговиот оглас, а некои отидоа дотаму што ги фотографираа своите стапала и му ги пратија на Влатче. Дали ова навистина е единствениот критериум на пејачот за избор на девојка или има уште низа други, останува да видиме!
Извор : Вистина.мк