Категории

Јапонско шоу во новата колекција на Louis Vuitton

Минатата година по повод претставување на новата resort колекција, Louis Vuitton ја угости својата публика во магичното окружување на Niteroi музејот во бразилскиот Рио де Жанеиро, а овој пат познатата модна куќа избра музеј на сосем другиот крај на светот – музејот Miho во јапонскиот град Kyoto.

Сцената на музејот Miho зад кој стои архитекот I.M. Pei кој исто така ја потпишува и популарната пирамида пред парискиот Louvre, беше „обвиткана“ во јапонски стил. Креативниот директор Nicolas Ghesquiere одлучи да му оддаде чест на јапонскиот дизајнер и уметник Kansaiu Yamamotou, познат по тоа што направи прилично голем број костими за големиот музичар David Bowie но исто така што тој беше првиот јапонски дизајнер кој во Париз ја претстави својата модна работа – редизајнирањето на кимоно и претворањето во авангардно парче наменето за модната публика.

Во својата најнова resort колекција дизајнерот Nicolas акцентот го стави на модните додатоци со ликови на самураи, кабуки маски и други традиционални јапонски мотиви. Исто така својата модна публика ја воодушеви со познатиот футуризам кој е препознатлив за брендот и традиционалните јапонски елементи кои како склоп ги оставија без зборови присутните кои будно ги следеа сите креации на пистата.

Прегледи:
475
Објавено на:
16.05.2017