Категории

Како да се разбудите со добра фризура?

Мали трикови со чија помош можете да се поздравите со изразот ‘bad hair day’ засекогаш
Веќе знаете дека квалитетниот сон е од огромна важност за здравиот изглед на кожата, но тоа исто така може да биде добар сојузник за одржување на постојано добра фризура.Ако пред спиење го негувате вашето лице тогаш зошто истото не би го правеле и за вашата коса?

За почеток едно од најважните правила е никогаш да не одите во кревет со мокра коса и никако немојте да ја врзувате во коњско опавче. Тоа може да доведи до пукање и оштетување на косата. Ако баш морате да ја врзувате тогаш користет дебели и меки ластици за врзување на косата а косата исушете ја колку што можете подобро.
Обавезно приуштете си свилена навлака за перница. Нежноста на материјалот ќе го спречи нејзиното триење и оштетување.
Смалете го чешлањето на косата на минимум. Претераното чешлање исто така предизвикува кршење на косата, особено ако имат нежни и тенки влакна. Настојувајте четкањето на го правите што помалку и избегнувајте метални четки.
Плетенки. Исплетете ја косата и до изутрина ќе имате подобар волум, текстура и совршени благи бранови во косата. Притоа ќе го избегнете и нејзиното заплеткување.

Прегледи:
360
Објавено на:
16.05.2017