Нашето тело постојано ни праќа сигнали во форма на симптоми за да ни даде до знаење дека нешто не е во ред со него. За жал, многумина не обрнуваат внимание на овие знаци и мислат дека немаат причина за загриженост. Постојат неколку симптоми кои можеби укажуваат на рак и наша препорака е да не ги игнорирате, туку да ги сфатите сериозно.
Сепак, доколку забележите некој од нив кај вас или кај вашите блиски, не избрзувајте со заклучоци, бидејќи тие можеби се показатели на некои други болести. Во секој случај, најдобро е да побарате стручно мислење, но пред да го направите тоа, треба да бидете свесни за следниве неколку симптоми…
1. Неоплазми на кожата
Неоплазмите се сметаат за знак на рак на кожа или на дојка. Другите симптоми се следниве:
- Тврди јазли на градите и/или пазувите
- Иритација или осип од непозната причина кој не е предизвикан од храна или алергија на некој козметички производ
- Појава на влажни чирови во центарот на неоплазмата
- Промена на големината или формата на белезите и бенките
2. Постојана кашлица
Долгата кашлица е еден од симптомите на белодробно заболување и може да биде придружена со други знаци како што се:
- Намалување на апетитот
- Ненадејно губење на тежината
- Во подоцнежните фази, ракот на белите дробови може да предизвика искашлување крв и снемување воздух
3. Чешање
Најчесто осипот на кожата не се поврзува со тумори, но некои клинички случаи покажуваат одредена поврзаност:
- Материчните неоплазми предизвикуваат чешање на гениталиите
- Рак на мозокот може да предизвика чешање во ноздрите
4. Промени во функцијата на дигестивниот систем
Стомачните заболувања може да ги предизвикаат следниве симптоми:
- Крв во столицата
- Слуз или гнојни секрети
- Спонтана дефекација
5. Секрети во урината
Ова може да е знак за рак на бубрезите, а обично се јавуваат и следниве симптоми:
- Крв за време на уринирањето
- Висок крвен притисок
- Болка во бубрезите
- Хронична слабост
6. Нагло губење на тежината
Необјаснивото слабеење може да се јави во случај на рак на желудникот. Во раните фази, знаците не се толку очигледни. Меѓутоа, широко распространети се следниве симптоми:
- Гадење од месо
- Предвремено заситување (чувство дека сте изеле премногу, иако сте изеле многу мала количина на храна)
- Анемија
- Потешкотии во движењето на храната низ цревата
7. Постојана болка во грлото
Долготрајната болка во грлото може да е знак за рак на ларинксот, а освен тоа може да се јават и други симптоми како што се:
- Отежнато дишење и голтање
- Чувството на грутка во грлото се јавува со растењето на неоплазмата
- Губење на гласот
- Искашлување крв, лош здив
Нема да можете да ги искористите овие податоци за самите да си поставите дијагноза, бидејќи горенаведените симптоми може да се поврзани со некои други заболувања. Меѓутоа, доколку забележите некои од нив, не ги игнорирајте. Консултирајте се со вашиот доктор и закажете преглед.