Категории

Ова е најпопуларната фризура на Канскиот фестивал

Безвременската класика кај фриризурите – прочуената „боб“ фризура е изборот на мноштвити дами на овогодинешниот Кански фестивал. Најпрво ја видовме кај моделот и трендсетерката Бела Хадид која се одлучи за ретро варијанта на страна со елегантни благи бранови, потоа кај Хејли Болдвин која изгледаше беспрекорно во рамна верзија со раздел на средина на главата.
Исто така и популарната актерка Ума Турман докажа дека оваа фризура стои на секого. Воопшто не претставува изненадување што познатите дами најчесто се одлучуваат за оваа фризура кога се во прашање гламурозни свечености според тоа што таа е една од најуниверзалните фризури кои прилегаат на секаква форма на лицето, па според тоа сигурни сме дека нејзиното „владеење“ на црвениот тепих ќе биде долго.

Прегледи:
310
Објавено на:
22.05.2017