Имате проблем со станувањето во раните утрински часови? Тешко ви е да се разбудите и да почнете со своите дневни активности? Постојат неколку начини што ќе ви помогнат во тоа.
Избегнувајте предјадење
Важно е да се храните здраво за да имате доволно енергија. Не консумирајте брза храна, не земајте преголеми оброци и не заборавајте да ја контролирате тежината.
Внесувајте протеини
Протеините помагаат вашиот стомак и мозок да се чувствуваат добро, да бидете сити и да не посегнувате по кесичка чипс. Во една студија, волонтерите чие дневно внесување на протеини паднало под 15% од вкупниот број калории, биле многу погладни и јаделе повеќе грицки дневно. Поради тоа тие качувале два килограми месечно. Тврдо варените јајца и јогуртот се голем извор на протеини и одличен избор за појадок.
Црното чоколадо ве буди
Да, добро прочитавте, црното чоколадо има идеална количина тебромин што може да ве разбуди, а да не предизвика хроничен замор. Тоа содржи и антиоксиданси што го намалуваат ризикот од срцеви напади и го зголемуваат расположението.
Пијте кафе
Нема потреба да се откажувате од кафето или да чувствувате вина поради консумирањето на оваа напивка наутро. Последните истражувања покажаа дека кафето го намалува ризикот од добивање рак на кожата за дури 20%, ризикот од мозочен удар за 25% и од рак на простата за дури 60%. Пијте кафе со малку обрано млеко за да ги намалите калориите.
Не легнувајте во доцните ноќни часови
Оние што се ноќни птици, половина од спиењето го поминуваат по 5.30 часот наутро, јадат брза храна и имаат поголем индекс на телесна тежина. Еден од најлесните начини е секојдневно да заспивате во исто време и во исто време да се будите, а по можност и порано да ги завршувате дневните обврски.
Јадете нешто крцкаво
Крцкавите намирници ја активираат работата на вилицата, ги будат мускулите на вашето лице, а вие станувате поактивни. Јаболкото има ист ефект и обезбедува доволно количество влакна.