Можеби не верувате во хороскоп и во идејата дека тој може да одредува некои работи во вашиот живот, но сепак ѕвездите играат своја улога. Па така, тие освен за добрите љубовни комбинации, имаат да кажат нешто и за најлошите. Според нив, ова се дефинитивно се најлошите љубовни парови во хороскопот.
1. Овен и Јарец
Овните сакаат да ги кршат правилата, додека пак Јарците сакаат да ги создаваат. Овенот постојано ќе се чувствува како да е критикуван. Спонтаноста е дел од личноста на Овенот кој не може, но и не треба да ја запостави, додека Јарецот не може да замине ниту на една обична вечера, а претходно да не резервира место во ресторанот. Двата знака се амбициозни, но Јарецот е работохоличар и е оженет за работата.
2. Бик и Водолија
Бикот сака некои воспоставени правила и традиции, а слободоумните Водолии почитуваат сѐ, освен редот. Во љубовната врска Бикот е многу срдечен, отворен и романтичен, додека Водолијата живее на чудна граница помеѓу парадоксот на логиката и бунтовништвото. Водолијата никогаш нема да ја сфати потребата Бикот секој ден да слушне „Те сакам“. Од друга страна пак, Водолиите се премногу скржави за да ги платат сите оние луксузни работи, вечери и патувања за кои Бикот сонува.
3. Близнаци и Скорпија
Овој пар е идеален во играта на заведување (читајте: секојдневни секси пораки и фотографии), но штом ќе се обидат да дефинираат некои работи, тогаш се создаваат проблеми. Скорпијата бара посветеност и верност, уште од првиот бакнеж, а на Близнаците не им е до опуштено флертување и експериментирање. Заради тоа Скорпиите во ваквата врска може да станат доста параноични и љубоморни.
4. Рак и Стрелец
Веселите и живописни Стрелци влегуваат во вашиот живот и ве протресуваат од глава до пети. Понекогаш токму тоа и ви е потребно, но од друга страна не може секој долгорочно да се носи со нив. Раковите многу сакаат време поминато еден на еден, додека Стрелецот преферира друштво, патувања и забава. Недостатокот на конекција ќе биде болен.
5. Лав и Риби
Без разлика колку се сонувачи, Рибите знаат да паднат во многу нестабилни и по малку депресивни состојби. Лавот ова лично ќе го погоди и во таквите моменти може да полуди. Рибите може да одат толку далеку што ќе ги игнорираат пораките и повиците сѐ додека самите не станат на нозе. Од друга страна пак, ниту еден од овие два знака не знае добро да располага со парите, заради што вечно ќе водат борба со долговите.
6. Девица и Вага
Двата знака се паметни, културни и знаат што сакаат. Имаат неверојатно слични интереси и ги сакаат добрите работи во животот. Вашите излегувања ќе бидат фантастични, но ако успеете да ги договорите. Девиците бараат дефиниција. Вагите живеат на „можеби“ и „повикај ме подоцна“. Пред Девицата да се опушти и отвори, треба да знае на што е со другата личност. Вагите одвај може да се обврзат на вечера. И мразат кога некој ги присилува на романтичен однос. Трпението на Девицата полека ќе се истопи и во нив ќе се разбуди една доста исфрустрирана личност.