Сигурно дури и откако ќе завршите со депилацијата и епилацијата забележувате дека сеуште постојат влакна а и такви кои се наоѓаат подкожно и е невозможно да се отстранат, за таа цел ние ви откриваме 5 тајни како да отстранувањето на непосакуваните влакна да биде лесно и ефикасно.
1.Пилинг пред тоа
Пред депилација секогаш правете пилинг на кожата. Тој ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја прави нежна и мазна а притоа влакната полесно се отстрануваат.
2.Пилинг после тоа
Пилингот после депилацијата дополнително ќе ја измазни кожата и ќе направи свилена на допир.
3.Менувајте ги методите на депилација
Доколку редовно користите восок, променете го со шеќерна паста, исто така најефективен начин на отстранување на непосакуваните влакна е машинка-епилатор.
4.Депилирајте се веднаш после туширањето
Топлата вода ги отвора порите и прави влакната да излегуваат полесно и побрзо.
5.Козметика против раст на влакната
На пазарот постојат бројни козметички производи кои го спречуваат брзиот раст на влакната. Тие се одличен помошник кој можеби нема сосема да го спречи нивниот раст, но значително ќе го забави процесот и ќе ги направи по ретки.