Утринската рутина за многумина е многу важна работа, бидејќи го олеснува нивниот живот и го прави помалку хаотичен. За да го искористите утрото поефикасно и да го обликувате според вашата личност, ви откриваме како би требала да изгледа вашата утринска рутина според вашиот хороскопски знак.
Овен
Вашиот знак наутро: Станувате од креветот расположени и подготвени за да го започнете новиот ден. Брзи сте и се обидувате да извршите повеќе работи во краток временски период. Веднаш наутро сакате да завршите некоја конкретна задача за да знаете дека вашиот ден започнал.
Вашата идеална утринска рутина: Бидејќи сакате утра полни со енергија, изберете активност од која вашето срце ќе зачука побрзо – многу Овни ќе започнат да вежбаат наутро. Сексот исто не е лош избор. Појадокот кој ќе го изедете во движење е најдобриот избор за вас, бидејќи не сакате да седите и да јадете пополека во мир. Не ви е потребно многу време за да се облечете, па затоа не морате да се будите порано како би заштедиле време. Откако ќе се истуширате наутро, вие сте подготвени за акција.
Бик
Вашиот знак наутро: Откако ќе се разбудите, вие не сте премногу комуникативни, барем не до првото утринско кафе. Потребен ви е простор и не сакате да ве брзаат, бидејќи наутро не сте баш најбрзи. Преголемата стимулација во раните утрински часови може сосема да ве полуди.
Вашата идеална утринска рутина: Сакате лесни и смирени утра. Слушањето инструментална музика додека се подготвувате за на работа ќе ви делува доста смирувачки. Вежбањето наутро едноставно не е создадено за вас. Подобро изберете да вежбате попладне или после работа.
Близнаци
Вашиот знак наутро: Наутро сте прилично комуникативни. Сакате да разговарате и знаете што се случува на социјалните мрежи веднаш штом се разбудите.
Вашата идеална утринска рутина: Вие сте многу друштвени наутро. За вас утрото е најдоброто време за дружење со семејството и со пријателите, било по пат на телефон или некоја социјална мрежа.
Рак
Вашиот знак наутро: Наутро не ви се брза да станете од креветот, но кога еднаш ќе станете, фокусирани сте на другите личности, бидејќи сакате да се грижите за нив. Ќе одвоите време и за себе наутро, бидејќи едноставно уживате во целиот утрински процес на подготвување за новиот почеток на денот. Воедно, многу сте тивки и сакате мирни утра.
Вашата идеална утринска рутина: Идеалното утро вклучува преземање на грижата околу некој друг, но и за себе. Денот кој започнал со туширање или купка пред да се фокусирате на другите работи околу себе, совршено ќе одговара за вас. Подгответе појадок за вашето семејство, утринско кафе или пратете му порака на некој пријател кој подготвува забава и прашајте го дали му е потребна помош.
Лав
Вашиот знак наутро: Да кажеме дека утрото не е време во кое ќе заблескате. Тешко е да ве разбудат наутро, а кога тоа ќе се случи, можете да бидете мрзливи. Прилично сте комплицирани на ваш едноставен начин, но кога еднаш ќе ја извршите утринската рутина, набрзо се појавува и вашата забавна и креативна страна.
Вашата идеална утринска рутина: Сакате мирни утра и кога сѐ можете да држите под контрола, бидејќи вас од рамнотежа многу лесно може да ве исфрлат некои неочекувани ситуации. На пример, ако ја делите бањата со некој кој е недоследен во својата рутина, воспоставете утрински распоред така што нема да очекувате да видите некого под тушот во времето кога би требало да си ги мие забите. Бидејќи утрото не ви е најдраго, одвојте дополнително време за да не доцните на факултет или на работа.
Девица
Вашиот знак наутро: Им робувате на вашите навики, па затоа сите ваши утра изгледаат поприлично исти.
Ваша идеална утринска рутина: Насочени сте кон една цел. Вежбањето наутро според распоредот совршено ви одговара, бидејќи сакате да имате задачи пред себе кои можете да ги извршите, а подеднакво така можете да направите листа од домашни задачи, како што е фрлање на ѓубрето. Немојте да брзате, но добро проценете колку време ви е потребно наутро. Оставете малку време и за туширање.
Вага
Вашиот знак наутро: Сакате да бидете во близина на познати личности веднаш штом отворите очи. Ништо не правите на брзина, дури ни наутро и секогаш изгледате најубаво што можете.
Вашата идеална утринска рутина: Наутро сакате да потрошите време на подготвување на вашата модна комбинација, фризура и шминка, па затоа многу мала е веројатноста дека ќе продолжите да спиете откако ќе ви заѕвони алармот. Сакате да вложувате многу енергија во своите врски, па затоа ќе направите нешто убаво за вашиот партнер. Можете да му сварите кафе или да му оставите слатка порака. Драгите личности ви даваат позитивна енергија, сакате дружење и комуникативни сте наутро, па секогаш накратко им се јавувате на пријателите или на некој член од семејството.
Скорпија
Вашиот знак наутро: Копнеете по нови информации секој момент и веднаш што отворите очи сакате да ги дознаете сите новости кои се случиле. Наутро не сте премногу расположени.
Вашата идеална утринска рутина: Наутро би требало да пронајдете начин како да го подобрите вашето расположение. Утринското вежбање не ви е тешко, но бидејќи не сакате дружење, договорете термин кога ќе можете да вежбате сами. Подоцна, издвојте време не само за да ги прочитате насловите, туку и за да го прочитате целиот весник, бидејќи сте вистински зависник од вести.
Стрелец
Вашиот знак наутро: Никогаш не го продолжувате алармот и имате тенденција да се будите со визија што сакате да постигнете тој ден. Ако треба нешто да завршите, подготвени сте да се разбудите во 4 наутро за да го извршите. Сакате мултитаскинг, бидејќи времето за вас е драгоцено и треба паметно да го искористите.
Вашата идеална утринска рутина: Сакате секој ваш ден да има цел. Станувате рано, вежбате или го трошите времето на некој проект. Лојални сте на вашето работно место и не си ги одложувате обврските.
Јарец
Вашиот знак наутро: Не излегувате веднаш од креветот, но не го продолжувате алармот наутро кога ќе заѕвони. Јарците сакаат да стануваат секој ден во точно исто време, за да ги извршат своите утрински задачи. Фанови се на „работната униформа“, бидејќи носат слична облека секој ден.
Вашата идеална утринска рутина: Идеалното утро според вашиот знак би започнало со некоја работа. Дисциплинарни сте и пред да излезете од домот сакате да ја завршите работата која сте ја започнале. Бидејќи веќе имате „формула“ за облека, имате доволно време наутро за други обврски.
Водолија
Вашиот знак наутро: Непредвидливи се. Не сакаат да им се кажува што да прават и имаат проблеми со одржувањето на рутината и придржувањето до распоредот. На нив, две утра никогаш не им се исти. Секогаш сакате да дознаете што се случува во светот, па затоа сакате да разговарате со луѓето и да дознаете што сѐ се случило додека сте спиеле.
Вашата идеална утринска рутина: Можеби ќе се критикувате, бидејќи не сте се држеле до распоредот, но реалноста е дека тоа нема да се случи. Ако сакате да станете рано и да вежбате, одлично. Ако ви се спие малку подолго, отспијте, но внимавајте да не задоцните на работа. Во секој случај, одвојте време за активностите кои ги сакате.
Риба
Вашиот знак наутро: Сакате да спиете. Доколку се прашувате вие, би останале цел ден во креветот. Еднаш кога ќе станете не сакате да ве брзаат. Сакате вашиот ден да започне полека.
Вашата идеална утринска рутина: Удобно и смирено, тоа е вашето мото. Ако ви дозволува времето, подгответе си кафе и појадок во коишто ќе уживате во кревет. Заедно со нив, прочитајте ги новостите. После тоа, полека истуширајте се и подготвени сте за новиот почеток на денот. Клучот е само да станете доволно рано за да ги извршите сите задачи.