Критична маса, 62 по ред е посветена на будење на сообраќајната култура, а ќе се одржи под мотото „Заспана контрола – сообраќај чудовиште!“.
Во повикот за одржување на критична маса, утре, на 28-ми јуни, се потенцира правото на слободно движење на граѓаните, кое е уставно загарантирано, а следствено на тоа противзаконското однесување на учесниците во сообраќајот кои со автомобили го попречуваат или загрозуваат движењето на пешаците и велосипедистите. Па се поставува прашањето, кој ги спроведува законите кои ја гарантираат слободата и безбедноста на учесниците во сообраќајот?
Во повикот се вели:
„За проблемот со нелегалното паркирање и узурпирање простор за движење сме посветиле многу критични маси досега, но очигледно не било доволно.
Со оваа Критична маса сакаме акцентот од личната несовесност (која секако постои) да го ставиме на одговорноста на институциите, пред сè сообраќајната полиција…Зашто токму тоа е поентата на сообраќајната полиција, да интервенира онаму каде нема лична одговорност и да помогне сообраќајот да се одвива безбедно за сите. “
Слично како што „кога мачката не е дома, глувците оро играат“ така и „кога нема сообраќајна контрола, колите оро играат“ и ни го блокираат движењето на секој чекор, во секој час, секој ден, во секој дел од градот. Во такви услови, сообраќајот буквално за сите станува чудовиште!
Затоа ние со нашите точаци симболично само на еден час, во само еден ден од месецот ќе се позиционираме на само еден сегмент од еден булевар на коловозни ленти.
Со тоа ќе испратиме порака до сообраќајната полиција дека е одговорна да ни обезбеди слободни патеки.Да ја разбудиме сообраќајната контрола!
Но да ја разбудиме и свеста дека улиците се за да им служат на ЛУЃЕТО.
Дека градот е за да чувствуваме безбедно, комотно и пријатно во него!“
Од Критична маса повикуваат да им се придружат сите граѓани на кои има пречи сообраќајната некултура, сите луѓе кои возат точак, сите пешаци или секој оној кој се чувствува погоден од хаотичната состојба на сообраќајот, локацијата за собир е Плоштад Македонија во 19:00 часот, а крајната цел е протестниот пикник на булевар Климент Охридски,