Категории

Неверен маж ѝ пишува на омажена жена, а нејзиниот неочекуван одговор стана вирален обиколувајќи го светот

Вистинска љубов постои – а оваа жена го докажа тоа.

Таа добила приватна порака од некој тип со кого делела заеднички политички интереси на Фејсбук – а неговите намери биле јасни од самиот старт.

Најпрво, таа го споменала нејзиниот сопруг и учтиво го одбила, но типот продолжил да инсистира, па дрско но културно му вратила.

Пораката на оваа жена постигна две работи:

1. Ја покажала својата љубов кон човекот кој навистина ја заслужува; 2. Оставила непријатна изгореница на расипикуќникот.

Таа ја споделила размената на пораки на Имгур, а интернетот веднаш се заљубил во неа: “Одлично одиграно”, “Брутално. Ми се допаѓа!” – гласеле коментарите.

Уживајте во овој неверојатен чин на лојална љубов.

П.с. Дали сметате дека неговата сопруга треба да дознае за ова?

“- Можеби би можеле да излеземе некогаш?

– ?

– Доколку немав сопруг, можеби.. Изгледате како “добар улов”, искрено го мислам ова.

– Ох.. вие сте мажена

– :) Да… и поласкана. Фала ви

– И јас сум оженет исто така но едноставно нема да кажеме. Ќе биде забавно

– Кога ми дијагностицираа рак минатата година немав срце да им кажам на моите синови (кои секогаш се обидував да ги заштитам) дека можеби ќе умрам, мојот сопруг мораше да ги гледа во очи и да им објасни дека сум болна. Потоа тој се грижеше за мене за време на моите повеќекратни операции, празнејќи го катетерот, давајќи ми инјекции за превенција на згрутчување на кртва, држејќи ме за рака додека поминував низ страшни болки и носејќи ме на хомтерапија и инфузии. За сето тоа време мене во глава ми се вртеше песната “Љубовта гледа како некој умира”. Па моето прашање за тебе е… Кој ќе те гледа тебе како умираш? Среди си го домот и те замолувам престани да ме контактираш.”

Некои од коментарите под нејзината објава гласат:

– “Знаеш, за сопруг кој беше изневерен од неговата сопруга, навистина е добро чувството да се знае дека се уште постојат жени како тебе (и сопрузи како твојот)”

– “Јас дефинитивно би го испратила ова на неговата сопруга. Да бев на нејзино место, ќе сакав да знам со што си имам работа.”

– “WOW! Импресиониран сум. Вистински потег! Ви посакувам и на тебе и на твојот прекрасен сопруг се најдобро”

– “Посакувам мојата поранешна сопруга да го имаше вашиот интегритет и морална чистота. Браво. Тоа е вистинска жена.”

Прегледи:
508
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
04.07.2017