Категории

ВО ЖИВОТОТ НАЈВАЖНА Е ЉУБОВТА, СЕ` ДРУГО Е ЗАЛУДНО – 26 МУДРОСТИ ОД ТИБЕТ

26 упатства за животот од тибетските мудреци.

1. Ако ти се допаѓа – искажи се.
2. Ако не ти се допаѓа – искажи се.
3. Ако некој ти недостига – побарај го.
4. Ако не ти е јасно – прашај.
5. Ако сакаш да се сретнете – јави се.
6. Ако сакаш нешто – побарај.
7. Никогаш не се расправај.
8. Ако сакаш да си јасен – објасни.
9. Ако си погрешил – веднаш кажи го тоа и не барај оправдување за себе.
10. Секогаш имај на ум дека секој има своја вистина, честопати различна од твојата.
11. Не комуницирај со лоши луѓе.
12. Во животот најважна е љубовта, сè друго е залудно.
13. Проблемите на човекот постојат само во неговата глава.
14. Твоето опкружување не е ни добро ни лошо, сеедно му е дали ти си тука или не.
15. Направи обид да извлечеш задоволство од секое случување.
16. Секогаш имај на ум дека животот е најдрагоценото нешто.
17. Не биди здодевен.
18. Запомни никогаш никому да не должиш.
19. Запомни никогаш никој да не ти должи.
20. Не жали за времето и парите што си ги потрошил на задоволствата од спознавањето на светот.
21. Во животот секогаш сметај само на себе.
22. Верувај на своите чувства.
23. Со жените како и со децата биди трпелив и помалку понизен.
24. Ако си  лошо расположен, помисли дека кога ќе бидеш мртов, нема да го имаш ни тоа.
25. Живеј денес, вчерашниот ден е веќе минато, а утрешницата можеби никогаш нема да дојде.
26. Знај дека денешниот ден е најдобриот ден.

Прегледи:
433
Објавено на:
06.07.2017