Категории

Топ beauty трендови од неделата на високата мода во Париз

Неделата на високата мода во Париз штотуку заврши, а ние ви ги споделуваме сите детали околу сите изгледи на шминка и фризура кои доминираа на пистите на популарните модни куќи со што ги поставија и идните хит трендови за претстојната сезона.

Како најдоминантни беа колоритниот makeup,на очи во вид на “папагалски перја”, а после нив мрачната smokey шминка со металик нијанси. Деталите за коса како круни и цветови вметнаа малку летен разигран дух во сивата атмосфера која беше распространета скоро во поголемиот дел од колекциите, додека имате имтакви кои се држеа до минимализмот па шминката ја сведија на минимум нагласувајќи ги само усните со свежи бои.

Прегледи:
292
Објавено на:
11.07.2017