Од неодамна на ТВ Сител стартуваше нова турска акциона серија во која главната улога ја имаат ликовите Појраз и Ајшеѓул кои се вљубени еден во друг, но тоа го кријат бидејќи семејството на девојката е турска мафија.
Сепак, тие успеваат да бидат заедно и покрај се, а допрва следат згодите и незгодите во кои ќе западнат поради својата романса и ангажманот на Појраз како возач на нејзиниот татко, односно детектив во тајна акција против криминалот.
Интересно е тоа што убавата актерка Бурчин Терзиоглу по разводот од сопругот и колега Мурат Јлдрм или попознат како Саваш во 2014 година, е во врска со колегата Икер Калеи или Појраз.
Токму затоа снимањето на серијата им оди одлесно, па очигледно е дека и двајцата уживаат „глумејќи“ ја реалноста.
Извор : Вистина.мк