Категории

Корејски трик за убавина кој ќе ја промени вашата дневна рутина

Надалеку е познато дека Кореанките се едни од нај негуваните жени кои изгледаат вечно млади, дури и на своите 60 години тие немаат проблеми со брчки, темни флеки, хиперпигментација и нивната кожа е беспрекорна и мазна. Секако за сето тоа да се постигне тие имаат поинаква дневна рутина кога е во прашање негата на лицето што е и причината за нивниот совршен изглед.

На утро наместо да го мијат лицето директно со вода, тие натопуваат мек пешкир со млака вода и го притискаат на лицето неколку минути со цел подобро да се поттикне циркулацијата. Потоа прават благ пилинг со нежна масажа на лицето па ја повторуваат постапката со натопениот пешкир бришејќи го остатокот од пилингот. За крај нанесуваат хидратантен крем за лице со масирачки движења, а како последен чекор во дневната рутина е есенцијалниот спреј со кој го попрскуваат лицето за дополнителна свежина, ги препорачуваат есенцијалните спрејови за лице од рози или лаванда.

Прегледи:
427
Објавено на:
15.07.2017