Музичката ѕвезда Бијонсе заедно со сопругот Џеј Зи неодамна го проширија своето семејство за два нови члена – близнаците Сир и Руми Картер. По само еден месец од пораѓањето таа за прв пат беше забележана во јавност минатиот четврток на романтична вечера со својот сопруг покажувајќи го пост-трудндничкото тело во одлична форма.
Облечена во тесен корсет и здолниште музичката ѕвезда сега мајка на 3, изгледаше среќно и самоуверено а меѓу другото не се воздржа и да сподели романтична слика со својот партнер на нејзиниот Instagram профил.