На својот најсреќен ден секоја невеста ангажира професионалци кои ќе се погрижат таа да изгледа прекрасно и неодоливо но една од нив не е и моделот Миранда Кер.
Во соработка со Vogue таа го сподели видео како ја креираше сопствената шминка на својата свадба која се одржа минатата недела. Покрај невестинскиот фустан кој беше инспириран од легендарната модна икона Грејс Кели, Миранда сподели дега сакала и нејзиниот makeup да е во Холивудскиот гламурозен стил на старите икони па се одлучила за нешто минимално и нежно. Во видеото подолу ќе ги откриете сите чекори до нејзината беспрекорна невестинска шминка..