Потрагата по среќата не е воопшто комплицирана, но многумина мислат дека е така и никако не можат да ја пронајдат. Среќата се крие во едноставноста и следниве цитати го докажуваат токму тоа. Прочитајте ги овие инспиративни реченици кои ќе ви помогнат да го започнете денот со насмевка на лицето…
„Ако сакате да бидете среќни, направете ги и другите среќни.“ – Дада Васвани
„Ако го правите она што го сакате, тоа е слобода. Ако го сакате она што го правите, тоа е среќа.“ – Непознат автор
„Јас не постојам за да го импресионирам светот. Јас постојам за да живеам на начин што ќе ми донесе среќа.“ – Ричард Бах
„Што и да одлучите да правите, погрижете се да ве прави среќни.“– Непознат автор
„Повеќето луѓе се среќни онолку колку што ќе одлучат да бидат.“ – Абрахам Линколн
„Среќата е личен избор.“ – Непознат автор
„Секој ден правете по еден човек среќен и за 40 години ќе имате направено 14.600 луѓе среќни барем за кратко време.“ – Непознат автор
„Луѓето се поврзуваат со мене, па затоа се обидувам да правам песни што ќе извлечат насмевка од нивното лице.“ – Оли Мурс
„Сите се смеат на истиот јазик, бидејќи смеата е универзална поврзаност.“– Јаков Смирноф
„Едноставноста носи среќа.“ – Алиша Кис
„Само обидете се да бидете среќни. Тагата почнува со желбата да се биде посреќен.“ – Сем Левенсон
„Почесто правете го она што ве прави среќни.“ – Непознат автор
„Среќата најчесто е спореден производ што се добива кога го правите она што ви носи среќа.“ – Бенџамин Спок
„Среќниот човек ќе ги направи и другите луѓе среќни.“ – Ана Франк