Категории

Роузи Хантингтон-Вајтли ги откри своите 5 beauty правила

Англиската манекенка и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли е препознатлива по своите нагласени јаболкници, полни усни и женствениот став, а за да би го постигнала сето тоа таа откри дека се служи со неколку трикови кои и помагаат секојдневно да изгледа беспрекорно. Таа ги сподели своите ултимативни 5 тајни за убавина во негата на нејзината кожа.

Првото правило на Роузи е дека е особено важно секоја жена да има свој доверлив козметичар кој ќе се грижи нејзината кожа да го добива најдобриот третман. Таа откри дека задолжително посетува козметички салон неколку пати во месецот каде прави различни третмани и масажи на лицето за да го одржи неговиот изглед свеж и младешки.

Манекенката особено нагласи дека е доста важно негата на кожата да е во сооднос со годишното време и климата. Негата на кожата во зима треба да се состои од особено хидратизирачки препарати, додека во пролет и лето третманите треба да се освежувачки и да се обрне особено внимание на чистење на порите од вишокот себум кој се создава поради топлото време.

“Многу е важно да слушате што вашата кожа сака да ви каже” изјави Роузи. “Доколку нешто не е во ред со начинот на кој ја негувате таа ќе го каже тоа преку својот изглед.” Таа најчесто ја нанесува хидратантната крема само на деловите каде кожата и е особено сува, додека на масните делови нанесува матирачка крема која го регулира мастењето. “Очигледно е дека кожата ви дава знаци каква нега треба да и приуштите, внимавајте на тоа”, додаде таа.

“Никако не го заборавајте заштитниот фактор” е нејзиното златно правило. Било да сте под сенка или сонце, секогаш кога излегувате од дома нанесувајте крема со заштитен фактор порача таа кон сите дами.

“Внесувањето течности е најважно за убавиот и здрав изглед на кожата” изјави манекенката. “И колку да звучи клише пиењето вода е доста важно”. Таа исто така сподели дека обожава природни овошни сокови, чаеви и шејкови.

Прегледи:
199
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
31.07.2017