Категории

The Weeknd во друштво на Адриана Лима и Ирина Шајк за насловната на Harper’s Bazaar

На насловната на септемвриското издание на списанието Harper’s Bazaar ќе се најдат музичката ѕвезда The Weeknd во друштво на убавите ангели на Victoria’s Secret – Адриана Лима, Ирина Шајк и Кендис Сванпоел.

Мини едиторијалот ги вклучува и ѕвездите Миранда Ламбрерт, Кортни Лав, Карли Клос, Наташа Поли и Џоан Смолс.

Музичката ѕвезда Абел ‘The Weeknd’ се отвори за интервјуто на магазинот за кој изјави дека не сака да е секогаш во центарот на вниманието и претпочита неговиот приватен живот да остане мистерија.

“За среќа, светот од мене бара само музика, не морам да им дадам ништо друго до крајот на животот”. – изјави Абел.

Прегледи:
282
Објавено на:
04.08.2017