Категории

Жабата користена како 100 % сигурен тест за бременост во минатото

Тестовите за бременост денес се многу едноставни, можете да ги најдете во секоја аптека и резултатот се добива за неколку минути. Хемикалиите во стапчињата можат да го детектираат клучниот хормон за бременост (hCG). Сепак, во 1920-тите и 30-тите години, најдобриот тест за “hCG” бил многу побавен, помалку точен и прилично ужасен. 

Додека предавал во Јужна Африка, Хогбен дознал дека жабите “xenopus” биле чувствителни на хормонски промени. Поточно, Хогбен забележал дека инјектирањето здрава жаба со екстракти од хипофизата од друга може да предизвика овулација во рок од неколку часа. Други истражувачи сфатиле дека жабите “xenopus” може да послужат како едноставен тест за бременост. Така, во 1937 година, Хогбен и животинскиот генетичар Френсис Алберт Ели Ерве увезувале 1.500 “xenopus” жаби во Велика Британија од Јужна Африка. Во рок од две години, нивниот тим сфатил како да ги одгледува жабите во лабораториите (најголемиот предизвик на тестот) и да го направат тестот “Хогбен” .

Употребувајќи урина од жената, ја вметнувале во задниот дел од жабата и доколку се создале јајца од  12 до 24 часа подоцна, со сигурност жената е бремена. Ова значи дека всушнот жабите биле во основа предвесник на сегашниот едноставен тест за бременост. Жените во тоа време не можеле да одат во аптека и да купат тест за жаби. Тие морале да го посетат својот лекар, кој потоа ќе го нарачал овој тест од лабораторија. Изведени се десетици илјади тестови за бременост на Ксенопус за лекарите во текот на повеќе од две децении – се до 1960 година кога се појавил поедноставен, тест на бременост без клетки, а хемиската сорта се појавила на пазарот во 70-тите години.

Прегледи:
603
Објавено на:
10.08.2017