Спектакуларното септемвриско издание со кое американскиот Vogue го слави својот 125 роденден во потполност ќе го краси најплатената актерка на светот – Џенифер Лоренс.
Роденденското издание доаѓа со мини едиторијал во кој актерката се трансформира во неколку различни изгледи.. 24-годишната ѕвезда од Кентаки ја фотографираа реномираните Ени Лебовиц и Брус Вебер а носи парчиња потпишани од модните куќи Versace, Dior, Miu Miu и Ralph Lauren. За интервјуто таа сподели и детали околу нејзиниот најнов филм “Mother” и врската со нејзиниот партнер – режисерот Дарен Арнофски.