На интернет секој ден осамнуваат необични и во крајност бизарни нови трендови со цел да се пласира нешто ново, поинакво и невидено.
Денес социјалните мрежи се преплавени со makeup артисти кои секојдневно се обидуваат да ја победат конкуренцијата во создавањето нешто кое ќе ги направи да се истакнат меѓу толпата а помеѓу нив е и Sofie Petersen, 18-годишна makeup артистка која осмисли нов начин на шминкање кој го именува како bling waterlining опишувајќи го како необичен и шик тренд.
За своите “изгледи” кои таа ги сподели на Instagram заработи бројни негативни коментари дека она што го прави е опасно по здравјето и треба да биде забрането да се пласира на интернет каде што е достапно да го гледа секој помеѓу кои и деца и млади девојки кои се слепи следбенички на трендовите.