Категории

Кој повеќе озборува, мажите или жените?

Спротивно на популарното верување дека жените се најголемите озборувачи, последното истражување го покажува спротивното. Мажите се поголеми ” алапачи ” од жените и не знаат како да чуваат тајна .

Ако им се каже нешто во доверба тие веќе следната минута ќе го раскажат тоа на некој друг, пренесува “Dejli Mail”.

Истражувањето спроведено на 2.000 Британци открива дека просечниот маж може да чува тајна во просек околу два часа и 47 минути, што е 40 минути помалку од жените.

Еден од десет признале дека во рок од 10 минути ја откриле тајната што им била кажана. А и покрај тоа, 92 проценти од посилниот пол за себе велат дека се луѓе од доверба. Што се однесува до видот на тајната, истражувањето покажало дека најтешко ја чуваат во тајност прељубата на пријател или афера на работа.

Загрижува податокот што туѓите тајни ќе ги кажат на најмалку 5 лица. Ако сакате нешто да остане тајна не го кажувајте тоа на маж, велат од компанијата што го спровела истражувањето.

А со модерната технологија мажите и не чекаат да се сретнат со некој пријател туку тајната ќе ја кажат преку фејсбук.

Еве неколку од тајните, кои нема долго да останат таjни ако им ги доверите на маж:
1 Еден пријател има афера
2 Некој лаже за нешто
3 Шеф или колега има афера на работа
4 Некоја што ја знаете е бремена
5 Некој имал проблеми со полицијата
6 Некој лаже за работа
7Некој имал пластична операција
8 Еден пријател доби покачување
9 Еден пријател е во финансиски проблеми
10 Еден пријател има проблеми во кревет.

Прегледи:
520
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.08.2017