Категории

Кои карактеристики ги поседуваат интелигентните луѓе?

Во животот запознаваме луѓе со најразлични карактери, темпераменти, интереси. Иако секоја личност се разликува по одредени особини од другите, сепак постојат некои карактеристики кои ги поседуваат само интелигентните луѓе.

Тие се многу прилагодливи

Интелигентните луѓе се флексибилни и можат да напредуваат во различни околности. Тие се прилагодуваат на ситуацијата и размислуваат што може да се направи без оглед на компликациите или ограничувањата кои се поставени врз нив. Неодамнешните психолошки истражувања ја поддржуваат оваа идеја: Интелигенцијата зависи од способноста да го промените сопственото однесување со цел поефективно да се справите со вашата околина и опкружување.

Свесни се дека не знаат сè

Најпаметните луѓе не се плашат да признаат кога не се запознаени со одреден концепт. Тие знаат да кажат:” Не знам “. Бидејќи ако немаат познавање за одредена тематика, можат да научат во иднина. Наспороти нив, помалку интелигентните,  многу повеќе ги преценувате своите когнитивни способности. 

Секогаш се љубопитни

Алберт Ајнштајн рекол: “Немам посебни таленти, само страсно сум љубопитен”. Интелигентните луѓе се фасцинираат од работите што другите ги земаат здраво за готово. Истражувањето објавено во 2016 година укажува на тоа дека постои поврзаност помеѓу детската интелигенција и отвореноста кон искуството (што опфаќа интелектуална љубопитност) во зрелоста. 

Тие се без предрасуди

Паметните луѓе не се ограничени кога станува збор за нови идеи или можности. Интелигентните луѓе се подготвени да прифатат и да размислат од поинаква перспектива и за поинакви вредности, а поседуваат и широка свест и се расположени за алтернативни решенија. Психолозите велат дека луѓето без предрасуди – оние кои бараат алтернативни гледишта и тежат на правилно пресудување на нештата – имаат тенденција да постигнат повисоки резултати  и на тестовите за интелигенција. Интелигентниот ум поседува силна одбивност да ги прифати нештата со нивната номинална вредност и затоа ги остава сите опции отворени сè додека не се докаже спротивното.

Тие се индивидуални

Високо интелигентните личности во исто време се и независни. Последните истражувања покажуваат дека луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат помала потреба од социјализација од останатите.

 Поседуваат голема самоконтрола

Паметните луѓе можат да ја надминат импулсивноста со планирање, разјаснување на целите, истражување на алтернативни стратегии и разгледување на последиците пред тие да започнат. Научниците најдоа врска помеѓу самоконтролата и интелигенцијата. Во една студија од 2009 година, учесниците мораа да изберат помеѓу две финансиски награди: помала исплата која ја добиваат веднаш или поголема исплата на подоцнежен датум. Резултатите покажале дека овие вторите (т.е. оние кои имале повеќе самоконтрола) најчесто постигнале повисоки резултати на тестот за интелигенција. Истражувачите велат дека една област од мозокот – предниот префронтален кортекс – може да игра улога и во помагањето на луѓето да ги решат тешките проблеми и да демонстрираат самоконтрола за постигнување на целите.

 

Прегледи:
485
Објавено на:
14.08.2017