Категории

Во љубовта постојат пет фази, но најчесто заглавуваме на третата

Љубовните врски се исполнети со пресврти, убави и непријатни мигови. Ниту една врска не може да биде иста со претходната, но откако сте биле во неколку, веќе можете да го предвидите текот на некои случувања.

Докажани експерти на оваа тема се потрудиле да развијат план кој покажува дека постојат пет фази во љубовта. Вреди да се напомене дека со овој модел, патот до трајна љубов има неколку препреки на патот – па партнерите ќе треба да ја пребродат бурата за да стигнат до “сончевите денови”.

Прва фаза: Вљубување

Кога станува збор за љубовта, очигледно е дека вљубеноста е прв чекор. Во текот на овој процес, ќе се чувствувате навистина возвишено, а вашето тело се полни со хормоните на среќа како допамин, серотонин и окситоцин. Во овој период од врската, сеуште не сте запознаени со мааните на партнерот, па затоа многу често го идеализирате. Исто така, убедени сте дека тоа чувство на вљубеност никогаш нема да исчезне за таа личност.

Втора фаза: Официјално сте пар

Еуфоријата е сè уште таму, но одлучувате да функционирате како двојка. Ако првата фаза е фазата на Ромео и Јулија, втората е функционална возрасна фаза. Ова е фазата кога многу парови се одлучуваат да започнат заеднички живот и планираат семејство. Многу поважно сега функционирате како една целина, а љубовта е сеуште присутна, но на еден многу поудобен начин и верувате дека ќе останете заедно засекогаш. 

Трета фаза: Разочарување

Љубовната врска знае да биде и трнлив пат, па тука почнуваат да се влошуваат односите. За жал, за многу двојки оваа фаза е почеток на крајот. Фазата кога партнерите се иритираат од другиот и започнуваат да си ги префрлаат мааните еден на друг. Тука почнува да се распаѓа хармоничната врска. Го нема тоа возвишено чувство на вљубеност од првата, ниту сигурноста во љубовта од втората фаза.

Четврта фаза: Создавање вистинска, долготрајна љубов

Доколку се соочите со лошите фази во една долга врска, треба да започнете со процесот на заздравување. Најпрво треба да започнете со сопствена анализа за да дојдете до одговорот на прашањето – кој е проблемот што не доведе до тука? Ако пристапите на ваков зрел начин, со сигурност сте на добар пат да го решите проблемот. Во тој момент сфаќате дека вие и вашиот партнер се познавате одлично и дека можеби сепак постои “тоа вистинското” помеѓу вас.

Петта фаза: Ја соединувате моќта за да го промените светот

Добро е да се потрудите да го смените вашиот живот на подобро, но вистинската корист е да пронајдете нешто заедничко со вашиот партнер и да се посветите на тоа со голема страст и љубов.

Прегледи:
674
Објавено на:
15.08.2017