Под влијание на енергијата на Девицата, астролозите советуваат дека треба да ѝ дадете предност на логиката наместо на емоциите.
Исто така, ќе добиете волја да си го организирате животот до најситни детали со помош на педантност и прецизност во работата, а верност во односите со луѓето околу вас. Девиците постојано анализираат и многу се практични, па затоа и вашиот ум ќе размислува во таа насока овој период.
Девиците се внимателни и прецизни. Тие се воздржани, разумни и знаат како да ги контролираат емоциите. Сите работи ги прават со голема љубезност и скромност. Меѓутоа, доколку преовладуваат негативните страни на нивниот карактер, тогаш овие луѓе може да станат премногу критички настроени, ситничави, мрзливи, себични, скептични, зајадливи и хипохондрични.
Девицата е променлив знак со кого владее планетата Меркур. Припадниците на овој знак најдобро се сложуваат со Биковите, Јарците, Раковите и Скорпиите, додека со Рибите совршено се надополнуваат.
Сега откако дознавте повеќе за природата на овој хороскопски знак, прочитајте ги советите за наредните седмици додека Сонцето ќе поминува низ соѕвездието на Девиците…
1. Физички исчистете го вашиот животен простор
Исфрлете ги сите непотребни работи за да направите простор за некои нови. Обновете си ја гардеробата и сѐ што можете останато.
2. Прочистете се психички
Оддалечете се од негативните луѓе во вашето опкружување и бидете отворени за новите кои допрва треба да ви се појават во животот.
3. Повеќе внимавајте на исхраната
Проверете колку добро се храните. Обрнете внимание на вашето физичко здравје и не би било лошо доколку направите неколку рутински прегледи кај вашиот доктор.
Извор : Убавина&Здравје.мк