Категории

Хајди Клум во секси рекламната кампања на Intimates

Супермоделот сеуште држи врела атмосфера и фактор на гламур во кампањите за долна облека и покрај своите години, за брендот Intimates Хајди позираше во провокативно издание со доза на романтичност проследена од најновите парчиња од есенската колекција од кои поголемиот доаѓаат во нежни пастелни бои.

Луксузниот бренд веќе шеста сезона се инспирира од желбите на своите верни потрошувачки и ги слуша нивните посакувања кога се работи за креирање на долната облека, од префинета чипка, до мрежасти и bralette стилови. Кампањата ја фотографираше Франческо Кароцини, додека Хајди во сите парчиња изгледа фантастично, погледнете.

Прегледи:
322
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
05.09.2017