Категории

Случајни откритија без кои денес не можеме да си го замислиме животот

Омиленото слатко задоволство во лето – сладоледот, настанал кога некое дете го заборавил својот сок на екстремно ладна температура. А без желба за забава и дружење, прашање е кога и како би ја откриле луѓето анестезијата…

Сладолед на стапче

Во 1905 година, единаесет годишниот Франк Еперсон го промешал сокот од праска со дрвено стапче, па по грешка го оставил цела ноќ на терасата. Ноќта била многу ладна, а наутро го дочекал смрзнат сок со стапче. Воодушевен од резултатот, го патентирал својот изум во 1924 година.

Анестезија

Џозеф Присли во 1776 година го открил азотниот оксид, популарно познат под името “рајски плин” или “плин за смеење”. Неговото откритие набргу станало многу популарно и почнало да се користи на друштвени собири и во забавните паркови, како начин да се насмеат и забавуваат луѓето. Американскиот забар, Велс, приметил дека на една изведба, актерот кој бил под дејство на азот се онесвестил, но пото продолжил да глуми како ништо да не се случило. Така открил дека луѓето додека се под дејство на азотниот оксид не чувствуваат болка. Од 1844 година, стоматологот Велс почнал да го користи тој плин за анестезија при поправање на заби.

Гума за бришење

Англичанецот Едвард Нејм во 1770 година, по грешка наместо со трошки од леб кои порано ги користеле за бришење на грешки при пишувањето, се обидел да избрише со смола од дрво и открил дека всушност смолата брише многу подобро од трошките. Набргу почнал да продава гуми за бришење.

Чипс

Во еден ресторан во Њу Јорк 1958 година, гостинот ги вратил компирите жајелќи се дека се предебело исечени. Налутениот кувар одлучил да ја поправи грешката сецкајќи ги компирите најтенко што може, ги ставил во жежок зејтин и по пржењето ги посолил. Така настанал чипсот!

Кока кола

Џон Пембертон, фармацефт од Атланта ко развил озбилна ависност од морфиум, одлучил да измисли лек кој би му помогнал да се спаси од таа грозна навика. За таа цел, измислил сируп од екстракт на кола орев, кофеин, зеленчук и шеќер. Сирупот се продавал ако лек се додека еден келнер не одлучил да го разреди во газирана вода. Неговиот изум станал многу популарен, а Кока колата почнала да се продава од 1887 година како службен бренд.

Прегледи:
505
Објавено на:
06.09.2017