Категории

4 причини зошто е подобро да спиете во ладна соба

За да имате квалитетен сон, температурата на собата би требала да биде помеѓу 16 и 19 степени. Пониската температура ја регулира телесната температура, а помага и во регулација на тежината…

Луѓето кои спијат со отворени прозори се поздрави и имаат повеќе енергија, покажало едно американско истражување. Сонот настапува кога телото ќе се измори и ќе се спушти телесната температура. Поладна соба помага полесно да заспиете и сонот да биде поквалитетен.

Идеалната температура е 18 Целзиусови степени, а ова се четирите главни причини зошто е подобро да се спие во ладна соба:

Полесно ќе заспиете

Одредени облици на несоница настануваат поради регулирањето на телесната температура. Поладната соба ќе му овозможи на телото да се смири и олади, а со тоа и полесно да заспиете. Тоа ќе овозможи подлабок, квалитетен сон.

Ќе изгледате помлади

Доколку температурата во собата е повеќе од 21 степен, телото послабо ќе отпушта мелатонин, еден од најдобрите хормони против стареење во телото. Кога ќе заспиете во потполна темница, паѓа телесната температура, телото отпушта мелантолин и поттикнува ладење на организмот.

Полесно ќе слабеете

Здравиот ритам на спиење може да има директна поврзаност со губитокот на тежина. Во ладна просторија, кога телото е поладно, се намалува и количината на хормонот за стрес, кортизол. Кога ќе се наспиете, наутро се будите со голема количина кортизол во телото, што е причина за големата потреба од слатки и анксиозност која може да се провлекува низ целиот ден.

Го намалувате ризикот од болести на метаболизмот

Пониска температура на собата, исто така, може да го спречи развојот на метаболички болести како дијабетес. Оние што спиеле во постудените простории, речиси двојно го зголемиле количеството на добра, кафеава маст која била создадена во текот на ноќта.

Кафеавата маст во телото, за разлика од белaта, може да го одржува нивото на шеќер во крвта на оптимално ниво и да го спречи задржувањето на калориите на телото. Белата маст чува вишок енергија. Преголемата бела маст, која е карактеристика за поголема телесната тежина, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 и други болести. Кафеавата маст, пак, согорува енергија и на тој начин произведува топлина за одржување на температурата на телото.

Подолгиот сон во постудената соба, исто така, има големо влијание врз метаболичките хормони. Луѓето произведуваат повеќе кафеава маст додека спијат во поладна соба и го подобрува метаболизмот на гликозата. Долгорочно гледано, со тек на време, спиењето во поладна соба го намалува ризикот од метаболички болести.

Прегледи:
705
Објавено на:
07.09.2017