ПОЗНАТИОТ МОДЕЛ ШТО БЕШЕ ПРОИЗВЕДЕН ВО КРАГУЕВАЦ “ЗАСТАВА” ВЕЌЕ СКОРО ТРИ ДЕЦЕНИИ, А КОЈ ВО МНОГУТЕ АНКЕТИ НА САД Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈЛОШ АВТОМОБИЛ ВО ИСТОРИЈАТА, СЕ УШТЕ Е ИНТЕРЕСЕН ЗА РЕЖИСЕРИТЕ НА ФИЛМОВИ И ЗА РЕКЛАМИ.
Во најновата реклама за игри на Xbox и играта Forza Motosport 7, популарниот мајстор за дрифтање Кен Блок, од сите моќни машини кои биле понудени, завршил зад воланот на југо.
https://www.youtube.com/watch?v=_PKL3323wkQ
Југото одамна е предмет на потсмев, пред се од страна на американските и британските медјуми кои се занимаваат со автомобили.
Незаборавна е сцената во која Џереми Кларксон, во имисјата “Top Gear”, најпрво го тестира а потоа го уништува “југо” со тенк.
Од друга страна, поранешната гордост на Застава автомобилска индустријастана дел од популарната култура во Америка, каде што се појави на изложби на модерната уметност, но исто така и во многу филмови, серии и реклами.
Една незаборавна сцена “југо” има во филмот “Умри машки 3” (Die Hard with a Vengeance ) од 1995, со звездите Брус Вилис и Самјуел Л. Џексон: